Трансфер пазарот во Англија допрва треба да влезе во главата фаза во месец август, но пред да се расчистат комплицираните операции кои традиционално се оставаат за самиот крај, на крајот на месец јули пристигнува вест која ја изненади цела јавност.
Еди Хау првично реши да остане во Њукасл и да го води тимот во далеку изменети услови, па иако на крајот на минатата сезона беше уверен дека ќе ја почне новата на „Ст. Џејмс парк“, во последните неколку дена дошло до значително голем пресврт.
Хау се преиспитал себеси и сфатил дека не може да продолжи да работи во актуелните услови, а како што јавуваат „Би-Би-Си“ и „Атлетик“, тој веќе побарал од управата да му биде прекинат договорот.
Угледните извори кои не грешат со своите ексклузиви, тврдат дека Хау си поднел оставка и сака истата да биде прифатена веднаш, особено поради фактот што не гледа како би извадил нешто повеќе од тимот кој значително ќе биде ослабен за новата сезона.
Еди Хау не го криеше разочарувањето откако минатата година остана без Александер Исак, не беше премногу задоволен од играчите кои дојдоа како замена, а ова лето досега остана и без Сандро Тонали и Антони Гордон.
До крајот на преодниот рок, планирано е Њукасл да остане и без Бруно Гимараеш, па очигледно ова се пресериозни удари за Хау, кој на крајот пресекол и решил да ја прекина соработката со популарните „страчки“.






