ОН бараат ембарго за оружје и прекин на трговската размена со Израел

Макфакс

28/07/2026

20:13

195

Големина на фонт

а а а

Специјалната известувачка на Обединетите нации за окупираните палестински територии, Франческа Албанезе, повторно ги повика државите веднаш да ја прекинат трговската размена со Израел и да воведат ембарго за испорака на оружје.

Таа порача дека владите требало порано да ги послушаат предупредувањата за развојот на ситуацијата.

Повикот следува по изјавата на поранешниот израелски амбасадор во Франција, Ели Барнави, кој оцени дека во израелската влада има луѓе што, според него, јавно изнесуваат „геноцидни ставови“ и дека војската врши дејствија кои „во најмала рака можат да се опишат како масовни воени злосторства и злосторства против човештвото“.

„Никогаш не е доцна да се запре ова. Веднаш прекинете ја трговијата со Израел. Веднаш воведете ембарго на оружје“, изјави Албанезе.