Сончево време со температура до 35 степени

Макфакс

28/07/2026

07:30

187

Големина на фонт

а а а

Денешното време ќе биде сончево со умерена облачност и температури кои ќе достигнат до 35 степени, проследено со слаб до умерен ветер, со стабилно топло време во наредниот период.

Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен, наместа долж Повардарието повремено засилен, ветер од северозападен правец, информира УХМР.

Минималната температура ќе биде во интервал од 12 до 21, а максималната ќе достигне од 30 до 35 степени.

Во Скопје сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец. Минималната температура ќе се спушти до 18, а максималната ќе достигне до 33 степени.

Следува период на стабилно, сончево и топло време со мала локална облачност и пораст на температурите.