Љубителите на кокос и лесни кремасти десерти ќе бидат воодушевени од овој едноставен рецепт за рафаело тирамису без печење. Комбинацијата од меки пишкоти, ванила, кокос и бадемов вкус потсетува на омилените рафаело бонбони, но во уште покремаста верзија.
За подлога:
20 пишкоти
околу 200 мл ладно млеко

За фил:
300 мл ладно млеко
150 мл слатка павлака
1 лажичка арома од ванила
1 пакување фил за торта со вкус на ванила
40 г шеќер во прав
150 г кокосово-бадемов намаз
20 г рендан кокос
За декорација:
100 мл ладно млеко
150 мл слатка павлака
шлаг пена
рендан кокос
Накратко потопете ги пишкотите во ладното млеко и наредете го првиот слој во сад.
За филот изматете ги млекото, слатката павлака, ванилата, филот за торта и шеќерот во прав додека смесата да стане густа и кремаста. Додадете го кокосово-бадемовиот намаз и ренданиот кокос, па кратко измешајте.

Врз пишкотите распоредете половина од филот, потоа наредете втор слој пишкоти потопени во млеко и премачкајте со преостанатиот фил.
На крај изматете ја шлаг-пената, украсете ја површината на тирамисуто и посипете со рендан кокос.
Оставете го десертот неколку часа во фрижидер за да се стегне, а потоа послужете го.
Резултатот е лесен, кремаст и освежителен десерт без печење, идеален за топлите денови но и посебните пригоди.