Пијан 38-годишен велешанец ја тепал мајка си, полицијата го уапси

Макфакс

24/07/2026

16:40

161

Големина на фонт

а а а

Полицијата во Велес уапси 38-годишен маж по пријава од неговата мајка за физичко насилство и навреди под влијание на алкохол.

Полицијата вчера го упаси 38-годишниот Т.Р. од Велес откога неговата 62 – годишна мајка пријави насилство.

„Физички ја нападнал во семејниот дом и ѝ го скршил мобилниот телефон, а откако успеала да побегне од домот фрлал тврди предмети по неа. По преземени мерки и извршени проверки било констатирано дека Т.Р. е под дејство на алкохол, односно измерени му се 1,54 промили алкохол во крвта“, извести Министерството за внатрешни работи.

Пијаниот насилник е задржан во полициска станица. За настанот е известен јавен обвинител и по документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.