Уапсен 26-годишник за силување дете, живеел во вонбрачна заедница со малолетничка иако знаел дека нема наполнето 15 години

Макфакс

24/07/2026

16:30

245

Големина на фонт

а а а

Полицијата од Радовиш поднесе кривична пријава против 26-годишник поради силување на дете помало од 15 години и живеење во вонбрачна заедница со малолетничка, иако тој знаел за нејзината возраст.

Полицијата од Радовиш  до Основното јавно обвинителство Струмица поднесе кривична пријава против 26-годишен жител на радовишко село поради постоење на основано сомнение дека сторил кривични дела „силување на дете кое не наполнило 15 години“ по член 188 и „вонбрачен живот со дете“ по член 197 од Кривичниот закон.

„Во текот на 2025 па до 23.07.2026 во радовишко село, во куќата на родителите на малолетничката со која живеел во вонбрачна заедница, пријавениот неколку пати извршил обљуба врз неа иако знаел дека немала наполнето 15 години“, соопшти МВР.

26-годишникот е уапсен и ќе биде изведен пред судија од Основен суд Струмица.