Полицијата во Битола поднесе кривична пријава против 37-годишна жена поради нелегално производство и препродажба на амфетамин во градот.
СВР Битола поднесе кривична пријава против Ј.Б.С.(37) од Битола поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“, соопшти полицијата.
Во ноември и декември 2025 година, пријавената неовластено набавувала амфетамин и го препродавала на корисници во Битола. При преглед кај неа полицијата пронашла и одзела амфетамин.







