Жените воздивнуваа по него во „Sex and the City“, а тој криел дека бил бездомник: „Крадев леб и спиев на валкани улици“

Точка

24/07/2026

16:37

331

Големина на фонт

а а а

Сите го паметат како привлечниот Смит Џерод, младиот манекен кој успеа да го освои срцето на нескротливата Саманта Џонс во култната серија „Sex and the City“. Но, малкумина знаат низ каква тешка животна драма поминал актерот Џејсон Луис пред да стане светски познат.

Пред да ги почувствува убавините на гламурозниот живот и да стане миленик на женската публика ширум светот, Џејсон Луис се соочил со сиромаштија и борба за опстанок. На само 21 година ги спакувал куферите и заминал во Европа, надевајќи се дека ќе изгради успешна манекенска кариера. Наместо тоа, во Париз го дочекале глад, неизвесност и суровата реалност.


Во поткастот „Are You a Charlotte?“ на својата колешка Кристин Дејвис, актерот открил дека ситуацијата била толку тешка што честопати крадел багети од локалните пекарници, а ги мачкал со сенф што тајно го земал од кафулињата, само за да има што да јаде.

„Со месеци спиев по подови и на валкани улици, бидејќи немав пари за сместување“, изјавил Луис, присетувајќи се на најтешкиот период од својот живот.


„Имав пари само за една краставица“

Колку била тешка неговата животна борба најдобро покажува фактот дека во еден период можел да си дозволи само по една краставица дневно.

„Во еден период можев да си дозволам само краставица и парче сирење“, признал актерот.


Сепак, по тешките денови следувале подобри времиња. Првиот посериозен ангажман во модниот свет му донел финансиска сигурност, а потоа следел и повикот што целосно му ја променил кариерата. Во 2003 година му се приклучи на актерскиот тим на серијата „Sex and the City“, каде што со улогата на Смит Џерод ја освои публиката. Неговата љубовна приказна со Саманта Џонс стана една од најомилените меѓу обожавателите на серијата.

Иако повторно го толкуваше истиот лик во двете филмски продолженија, многу гледачи беа разочарани што не се појави во серијата „And Just Like That…“.


Каде е денес Џејсон Луис?

Откако во 2022 година учествуваше во шоуто „Dancing with the Stars“, Џејсон Луис речиси целосно се повлече од јавниот живот. Како што неодамна откри, тој ги спакувал куферите и се преселил во егзотичната Костарика, каде што пронашол мир и се посветил на нова страст – пишувањето. Досега завршил серијал од девет фантастични романи, кои допрва треба да бидат објавени.