Легендата на југословенската музичка сцена, Владо Калембер, сними безброј хитови во својата кариера, а покрај специфичната боја на гласот, важеше и за голем шармер.
Публиката ја освои со својата харизма и привлечен изглед, важеше за еден од најубавите мажи во поранешна Југославија и предизвикуваше воздишки кај жените каде и да се појавеше.
Владо Калембер е роден во Струмица на 26 април 1953 година, а пораснал во Загреб.

Уште како многу млад почнал да се интересира за музиката, а во седумдесеттите години запловил во музичките води.
Групата „Srebrna krila“ ја основал во 1978 година, а во 1984 година заедно со Изолда Баруџија настапи на Евровизија со песната „Ciao amore“.
Две години подоцна ја продолжи својата соло кариера, во која соработуваше со бројни југословенски музички ѕвезди.
Беше во брак со Ана Руцнер, хрватска виолончелистка, со која го доби синот Даријан.
„Заблуда е дека сум голем заводник“
На честите тврдења дека е најголемиот заводник на овие простори, пејачот еднаш одговори на интересен начин.
„Постојат многу заблуди и предрасуди, а токму тоа дека сум голем заводник е една од нив. Со кого и да испиев кафе, сите веднаш пренесуваа дека сме биле во врска. На една моја врска секогаш ѝ додаваа уште по некоја“, рече музичарот во една прилика и додаде:

„Ако сум имал 22 врски, излегуваше дека сум имал 222. Не се жалам, но тоа, на некој начин, ми беше и малку „пришиено“. Такво беше тоа време. Имаше чад, но не и оган“, изјави своевремено Калембер за медиумите.
Беше ерген до својата 53-та година
Пејачот (73) беше ерген сè до својата 53-та година, кога неговото срце го освои 30 години помладата виолончелистка Ана Руцнер.
Тие беа во брак од 2006 до 2014 година, добија син, а и денес се во одлични односи.
„Во сосема мирен и крајно пријателски разговор донесовме заедничка одлука, по речиси десет години заеднички живот, да продолжиме понатаму, секој по својот пат. Преку заеднички адвокат поднесовме барање за развод на бракот. Иако се разведуваме, љубовта меѓу нас не престана. Се сакаме и понатаму ќе се почитуваме, само на малку поинаков начин и на различни адреси“, изјави тогаш Ана.

Калембер во едно интервју за „Jutarnji.hr“ откри која е всушност неговата најголема љубов.
„На 24 август 2006 година присуствував на раѓањето на мојот син и тогаш, кога се појави на свет, ме обзеде сосема непознато и неверојатно чувство на среќа“, рече музичарот.
За синот кој му помага на настапите
„Често оди со мене на настапи и ја извршува работата на техничар. Се грижи за многу работи. Доаѓа со мене, ја завршува работата и за тоа е платен. Тој уште од мал знае дека парите се заработуваат. Да, неверојатно е колку физички личи на мене. Од најраното детство ја сака електрониката, постојано нешто работи, поправа, менува, купува. Сите сме многу среќни со него“, коментираше претходно Владо Калембер.












