Продолжува намалувањето на бројот на новозаболените во Гостивар, прегледани 197 нови пациенти со стомачни тегоби

Макфакс

24/07/2026

14:10

148

Големина на фонт

а а а

Во Гостивар продолжува намалувањето на бројот на новозаболени лица со стомачни тегоби, при што вчера се прегледани вкупно 197 нови пациенти кои побарале лекарска помош.

Според податоците од јавните здравствени установи во Гостивар, во текот на вчерашниот ден (23.07.2026 година) се евидентирани вкупно 197 новопрегледани пациенти, односно лица кои првпат побарале лекарска помош, што покажува намалување во однос на претходниот ден.

Во Општа болница „Д-р Ферид Мурад” Гостивар се регистрирани вкупно 117 нови прегледи, од кои 82 на инфективното одделение (без нови хоспитализации и три исписи), 40 на педијатриското одделение и 7 прегледи во Ургентниот центар.

Во Здравствен дом Гостивар се регистрирани 80 нови прегледи во дежурната служба и 13 повици до Итната медицинска помош.