Полицаец од граничниот премин Блато внел во земјава швајцарски мопед, па, со лажни таблички, го продал

Макфакс

24/07/2026

14:40

242

Големина на фонт

а а а

Кривична пријава е поднесена против полицаец и граѓанин поради фалсификување исправа и продажба на непријавен мопед со лажни таблички на граничниот премин Блато.

Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при МВР, до ОЈО Дебар, поднесе кривична пријава против А.Ш. и А.П. поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „фалсификување исправа“.

„Првопријавениот А.Ш., полициски службеник во Полициската станица за граничен премин и граничен надзор Блато, во текот на 2025 година на мопед со швајцарска сообраќајна дозвола, за кој не била спроведена царинска постапка и за кој не поседувал друга документација за да го управува во сообраќај во државата, поставил македонска регистарска табличка од друг мопед. Потоа, мопедот го продал на второпријавениот граѓанин А.П., кој бил запознаен дека мопедот не поседува друга документација. На 18.06.2026, полициски службеници го запреле и му го одзеле мопедот со сообраќајната дозвола“, соопшти Министерството за внатрешни работи.

Одделот за внатрешна контрола против полицаецот поднесе предлог за поведување постапка за утврдување одговорност за кршење на работниот ред и дисциплина.