Како Амал Клуни ја одржува својата форма? Нејзиниот ден започнува со необичен појадок

Точка

24/07/2026

16:22

276

Големина на фонт

а а а

Амал Клуни е позната по својот елегантен стил, но и по витката фигура, која ја одржува со здрави навики во исхраната и редовна физичка активност. Адвокатката специјализирана за човекови права и мајка на близнаци со години внимава што јаде, а нејзиниот ден често започнува со супа од морски алги и варено јајце. Во својата рутина вклучува и кратки тренинзи за сила, пишува „Daily Mail“.

Појадок со морски алги и медитерански вкусови

Според претходни извештаи, Амал за појадок често избира супа од морски алги и варено јајце. Во текот на денот, на нејзиното мени најчесто се наоѓаат полесни оброци, како што се салати, риба, леблебија и тестенини. Познато е и дека сака италијанска и либанска кујна, како и суши. Нејзиниот сопруг Џорџ Клуни претходно изјави дека неговата сопруга не јаде големи количини храна, но дека ужива во квалитетни намирници.


Тренинзи за сила, пилатес и долги прошетки

Амал ја одржува својата форма со комбинација од различни активности. Во нејзината рутина, наводно, се вклучени секојдневни прошетки, тенис и пилатес, а неколку пати неделно практикува и кратки тренинзи со тегови, кои траат помеѓу 20 и 30 минути.

Таа е висока околу 175 сантиметри, а токму редовното движење ѝ помага да ја одржи физичката кондиција и силата.


Што се јаде во семејството Клуни?

За навиките во исхраната на семејството зборуваше и нивната долгогодишна готвачка Вивијана Фрици, која откри дека семејството Клуни ужива во разновидни јадења. На нивната трпеза често може да се најдат пица, суши, либански и индиски специјалитети, како и бројни италијански јадења.

Иако оброците ги подготвува готвачката, Џорџ Клуни е познат како голем љубител на готвењето. Тој претходно откри дека Амал особено сака риба, а меѓу нејзините омилени видови ги издвои баракуда, лаврак и орада.