Кавадарчанец уапсен за измама тешка 9.000 евра

Макфакс

24/07/2026

13:40

179

Големина на фонт

а а а

Полицијата уапси 32-годишен кавадарчанец осомничен за измама на жена од Куманово, при што завршил со нанесена штета од 9.000 евра. Осомничениот ветувал посредување за добивање странски пасош и ги барал и земал парите од оштетената.

Полицијата уапси 32-годишен кавадарчанец осомничен дека измамил 50-годишна жена од Куманово за 9.000 евра, ветувајќи ѝ посредување за добивање странски пасош.

Како што соопшти МВР, М.Д. (32) бил приведен на 23 јули во 13:50 часот на Градскиот плоштад во Кавадарци, по претходна пријава од оштетената.

Според пријавата, осомничениот првично ѝ ветил дека за 400 евра ќе посредува за добивање странски пасош, но потоа во повеќе наврати барал дополнителни парични средства. За краток временски период, жената му предала вкупно 9.000 евра, а тој продолжил да бара уште пари.

При полициската акција, кај него биле пронајдени 2.000 евра кои непосредно претходно ги зел од оштетената. Парите биле претходно криминалистичко-технички обработени од полициски службеници на ОВР Кавадарци.

Осомничениот бил задржан во полициска станица, а потоа изведен пред јавен обвинител, каде што го признал делото.

По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена кривична пријава за измама.