Работник од Индија се превртел со товарно возило на автопатот Кичево–Охрид

Макфакс

24/07/2026

13:30

189

Големина на фонт

а а а

Дваесет и петгодишен работник од Индија се превртел со товарно возило на автопатот во изградба Кичево–Охрид, по што бил пренесен во болница. Полицијата и други надлежни институции работат на расчистување на настанот.

Дваесет и петгодишен работник од Индија е пренесен во болница откако со товарно возило се превртел на автопатот во изградба Кичево–Охрид.

Според полициските информации, С.Ј. (25) од Индија, кој работел на изградбата на автопатот, управувал товарно возило „ман“ со скопски регистарски ознаки, кога изгубил контрола и се превртел.

Со медицинско возило бил пренесен во Општата болница во Кичево.

Увид на местото извршиле полициски екипи, а ОВР Кичево, во соработка со јавен обвинител и со други надлежни институции, работи на целосно расчистување на настанот. По документирањето на случајот ќе следува соодветен поднесок.