[ВИДЕО] Бутел достави 22.000 литри вода за пиење за граѓаните на Гостивар

Макфакс

24/07/2026

13:00

156

Големина на фонт

а а а

Општина Бутел обезбеди 22.000 литри вода за пиење како поддршка за граѓаните на Гостивар поради проблеми со водоснабдувањето, при што беше изразена благодарност кон советот и општествено одговорните компании.

Општина Бутел достави 22.000 литри вода за пиење за граѓаните на Гостивар.

Локалната самоуправа презеде активности за поддршка и помош на граѓаните на Гостивар и обезбеди вода за пиење, поради актуелната состојба со водоснабдувањето.

Градоначалникот Дарко Костовски изрази благодарност до сите членови на Советот на општината, кои ја поддржаа оваа донација. Воедно, градоначалникот изрази посебна благодарност до општествено одговорните компании од општина Бутел, за обезбедување на 22.000 литри вода за пиење.