Охрид засега го задржува статусот на светско наследство на УНЕСКО, државата доби рок од пет години да ги спроведе забелешките

Макфакс

24/07/2026

10:50

199

Големина на фонт

а а а

Комитетот за светско наследство на УНЕСКО одлучи дека Охридскиот Регион ќе го задржи својот статус како заштитено светско културно и природно наследство, но на државата ѝ е доделен рок од пет години за спроведување на препораките за негова заштита и управување.

Комитетот за светско наследство на УНЕСКО одлучи Охридскиот Регион да не биде впишан на Листата на светско наследство во опасност, со што го задржа статусот на заштитено светско културно и природно наследство.

Со одлуката, на државата ѝ е даден дополнителен рок од вкупно пет години за спроведување на препораките за заштита на природното и културното наследство.

Македонската делегација, предводена од амбасадорот Игор Николов, ја потврди посветеноста на државата за спроведување на препораките и за зачувување на исклучителната универзална вредност на Охридскиот Регион.

Николов истакна дека одлуката е израз на доверба во досегашните активности, но и обврска за натамошно спроведување на мерките за заштита, вклучително и зајакнување на институционалната координација, справување со бесправните градби, заштита и обновување на Студенчишкото Блато и продолжување на соработката со Албанија во управувањето со прекуграничното светско наследство.