„Волстрит журнал“: Трамп е сè пофрустриран од војната со Иран, советниците стравуваат од изборен пораз

Макфакс

24/07/2026

10:20

181

Големина на фонт

а а а

Американскиот претседател Доналд Трамп е сè пофрустриран од војната со Иран, додека неговите советници се загрижени дека конфликтот може да негативно влијае врз резултатите на претстојните избори за Конгресот.

Американскиот претседател Доналд Трамп е сè пофрустриран од војната со Иран, која влегува во петтиот месец, а негови советници стравуваат дека конфликтот може да го обележи вториот мандат и негативно да влијае врз републиканците на претстојните избори за Конгресот, објави „Волстрит журнал“, повикувајќи се на извори запознаени со случувањата.

Според весникот, Трамп сè помалку верува дека преговорите можат да донесат траен мир и сега смета дека Иран разбира само употреба на сила. Американската администрација, според изворите, подготвува дополнителни воени опции, а САД веќе испраќаат нови сили, медицински персонал и вооружување на Блискиот Исток.

Белата куќа соопшти дека Иран го прекршил меморандумот со САД, нападнал комерцијални бродови и убил американски војници, поради што Трамп „нема да стои настрана и да дозволи такво однесување“.

„Волстрит журнал“ наведува и дека војната предизвикала тензии меѓу Трамп и израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху, како и поделби меѓу сојузниците на американскиот претседател. Дел од неговите поддржувачи предупредуваат дека продолжувањето на конфликтот може да ја намали јавната поддршка и да им наштети на републиканците на меѓуизборите.

Весникот додава дека Трамп и натаму инсистира Иран да не смее да дојде до нуклеарно оружје и, според негови блиски соработници, сè повеќе се враќа на идејата за засилена воена кампања.