14-годишно дете во Охрид се опијанило и паднало во несвест, кривична пријава за сопственикот на локалот

Макфакс

23/07/2026

14:10

395

Големина на фонт

а а а

Полицијата во Охрид поднесе кривична пријава против сопственикот на локал каде што на 14-годишно дете бил послужен алкохол, по што детето паднало во несвест и било хоспитализирано.

Полицијата поднесе кривична пријава за локал во Охрид затоа што на 14-годишно дете му бил послужен алкохол. Според информациите на МВР, по послужувањето на алкохолот, на малолетникот му се слошило и паднал во несвест.

СВР Охрид поднесе кривична пријава против правен субјект – угостителски објект од Охрид и против сопственикот и управителот Е.Н. од Охрид поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „точење алкохолни пијалаци на дете“.

При контрола во објектот на улица „Партизанска“ во Охрид, полициските службеници констатирале дека на 14-годишен малолетник од Охрид му било овозможено да користи алкохолен пијалок без да му биде побаран документ за идентификација и утврдување на возраста. По консумирањето на алкохолот, малолетникот паднал во бессознание, по што бил пренесен во Општата болница во Охрид.

фото/Depositphotos