Општина Аеродром објави повик за пријавување штети од невремето

Макфакс

23/07/2026

13:40

196

Големина на фонт

а а а

Општина Аеродром започна постапка за обесштетување на граѓаните кои претрпеа штети од силното невреме на 21 јули во Скопје. Граѓаните можат да ги пријават штетите со поднесување на образец и документација во Општината во рок од 30 дена.

Општина Аеродром започнува постапка за обесштетување на граѓаните што претрпеа материјална штета предизвикана од силното невреме што го зафати подрачјето на Град Скопје на 21 јули.

Образецот за пријавување штета е достапен во просториите на Општина Аеродром, а може да се преземе и од официјалната веб-страница на следниов линк: https://shorturl.at/L3rcJ

Образецот, заедно со потребната документација, се доставува во Архивата на Општина Аеродром секој работен ден од 8:00 до 15:00 часот, во рок од 30 дена од денот на настанување на штетата.

Кон барањето задолжително да се приложат и следниве документи:

Важешка лична карта или патна исправа (фотокопија);

Доказ за сопственост (фотокопија од имотен лист);

Фотографии од локацијата по претрпената штета;

Записник од МВР за настанатата штета;

Општина Аеродром ги повикува граѓаните навремено да ги поднесат своите барања, со цел постапката за утврдување на штетите да се реализира ефикасно и во најкраток можен рок. Сите поднесени пријави ќе бидат разгледани во согласност со законските процедури.