Зендеја деновиве интензивно работи на промоцијата на филмот „Spider-Man: Brand New Day“, а секое нејзино појавување го привлекува вниманието на светската јавност.
Од фустани што потсетуваат на пајажина до винтиџ маици со мотивот на Спајдермен, славната убавица уште еднаш докажала дека „method dressing“ станал нејзин заштитен знак. Поточно, нејзиниот стилист Ло Роуч направил одличен избор кога станува збор за внимателно одбрани модни креации за тематски настани.

Неодамна присуствувала на премиерата на споменатиот филм во Мексико, каде со своето модно издание дополнително ја зацврстила титулата на модна икона.
Имено актерката избрала асиметричен кутур фустан од колекцијата пролет/лето 2026 на модната куќа „Аши Студио“. Црната креација со висока крагна е изработена од црн сатен и горен тантелен дел кој асиметрично ја покривал само едната страна од телото.

Посебен ефект создале долгите реси што се спуштале сè до подот, потсетувајќи на тенки нишки од пајажина.

Изгледот дополнително го надополнила со сребрени обетки во форма на пајак, додека косата ѝ била собрала во волуменозна пунџа инспирирана од легендарниот стил на Одри Хепберн.

Со тоа, на својот драматичен изглед му додала и гламурозна нота која силно потсетува на стилот на старите холивудски диви.