Штетите се санираат и согласно законот истите ќе се рефундираат, најави Мицкоски по невремето во Скопје

Макфакс

22/07/2026

12:10

267

Големина на фонт

а а а

Премиерот Христијан Мицкоски одговара на прашања поврзани со штетите од вчерашното невреме во Скопје и најавува дека Владата ќе ги санира штетите и согласно закон ќе ги рефундира.

Премиерот Христијан Мицкоски денеска, одговарајќи на новинарско прашање која е материјалната штета направена од вчерашното невреме во Скопје и дали Владата ќе помогне, истакна дека Владата не ги оставила граѓаните сами да се снаоѓаат никогаш.

„Никогаш оваа Влада не ги оставила граѓаните сами да се снаоѓаат. Јас им благодарам на институциите и на градоначалниците што во текот на вечерта и веднаш после епското невреме кое што вчера го зафати Скопје излегоа на терен и ги санираа заедно со институциите кои што се во нивна надлежност штетите. И денеска ќе продолжат. Навистина подготовката од нивна страна и мотивацијата беше голема, штетите ќе се констатираат и согласно закон, искуство и пракса од минатото ќе биде од страна на надлежните институциите сето тоа рефундирано.

На прашањето дали Владата има механизми за помош во овој случај, Мицкоски рече:

„Апсолутно, како и во секоја елементарна непогода“.