[ФОТО] Невремето го турна крстот на црквата Св. Јован во Бутел, откорнати покриви, паднати дрвја и искинати кабли за струја

Макфакс

21/07/2026

18:20

755

Големина на фонт

а а а

Невремето во Скопје, особено во општина Бутел, предизвика сериозни штети од силен ветер со откорнати покриви, паднати дрвја и искинати кабли, вклучувајќи го и крстот на црквата Св. Јован.

Невремето го турна крстот на црквата „Св. Јован“ во Бутел, откорнати покриви, паднати дрвја и искинати кабли за струја

Невремето го турна крстот на црквата “Св. Јован” во Бутел, откорнати покриви, паднати дрвја и искинати кабли за струја пријавуваат скопјани.

Штети од оркански ветер во Скопје

За десетина минути орканскиот ветер што го зафати Скопје предизвика штети во сите скопски наделби.

Крстот и камбанаријата оштетени

Граѓани од Бутел 1 пријавија дека ветрот го турнал крстот на црквата “Свети Јован Крстител”, а крстот на камбанаријата, пак, е извиткан.

Скопјани од целиот град на социјалните мрежи објавуваат снимки и фотографии од покриви што летаат, од паднати дрвја со кабли за струја врз автомобили и од направените штети.

Па се што имаат објавуваат на социјалните мрежи.

Скопјани се жалат и дека бројот 112 на кој можат да пријават штети е постојано зафатен, па се што имаат објавуваат на социјалните мрежи.
Во делови од градот нема струја, а телефонот на ЕВН е постојано зафатен.