Пороен дожд, град, грмежи и засилен ветер, предупредува УХМР

Макфакс

22/07/2026

08:40

288

Големина на фонт

а а а

Денешното време ќе биде променливо облачно со локална нестабилност и појава на пороен дожд, град и засилен ветер, според предупредувањата од УХМР.

Времето денеска, ќе биде променливо облачно со сончеви периоди.

Ќе има локална нестабилност со пороен дожд, грмежи, засилен ветер и услови за изолирано невреме со појава на град.

Според УХМР, ќе дува слаб до умерен, а долж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец. Во западните делови ќе дува слаб до умерен, повремено засилен западен ветер.

Во Скопје, ќе биде променливо облачно со сончеви периоди.

Во делови од котлината ќе има појава на нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.