Да не избрзуваме со обвинувања или етикетирања: за Алијансата за Албанците ситуацијата во Гостивар се стабилизира, порачуваат да се зачува смиреноста

Макфакс

21/07/2026

21:00

260

Големина на фонт

а а а

Алијансата за Албанците соопштува дека ситуацијата со водата во Гостивар се стабилизира според микробиолошките анализи и апелира на смиреност, следење на официјални информации и соработка меѓу институциите за заштита на јавното здравје.

Алијансата за Албанците оценува дека последните резултати од микробиолошките анализи на водата од четири мерни точки во Гостивар покажуваат дека ситуацијата се подобрува и е во процес на стабилизација.

Ги повикуваат граѓаните и понатаму да се придржуваат до препораките на надлежните институции и информациите да ги добиваат од официјални извори.

„Нивната загриженост е целосно разбирлива и оправдана, но во овој момент се потребни смиреност, разумност и соработка сè до завршувањето на сите анализи и соодветни постапки.

Не треба да избрзуваме со судови, етикетирања или обвинувања пред да заврши професионалната работа на институциите. Воедно, повикуваме да престане навредливиот и разединувачки говор, бидејќи јавното здравје треба да нè обединува, а не да се користи за политички пресметки“.

Според оваа партија, кризниот штаб ги извршува своите задачи, додека градоначалникот на Општина Гостивар ги ставил на располагање сите општински капацитети за управување со ситуацијата и за помош на граѓаните.

Исто така, вклучувањето и поддршката од Владата и централните институции се важни и добредојдени.

Единствен приоритет треба да остане заштитата на здравјето на граѓаните, редовното и транспарентно информирање и што побрзото враќање на ситуацијата во нормала“.