„Иднина која инспирира“: dm ќе поддржи најмалку три проекти, а пријавувањето трае до 31 јули

Точка

21/07/2026

11:02

193

Големина на фонт

а а а

Секоја позитивна промена започнува со идеја и со луѓе кои веруваат дека можат да направат разлика во заедницата.

Токму затоа dm, преку платформата „Иднина која инспирира“, ги повикува здруженијата, организациите, институциите, училиштата и единиците на локалната самоуправа да ги пријават своите проекти и да добијат поддршка за нивна реализација. Конкурсот е отворен до 31 јули, а најмалку три проекти ќе добијат поддршка од dm за да станат реалност.

„Иднина која инспирира“ е создадена со верување дека иднината не е нешто што пасивно го чекаме, туку нешто што заедно го создаваме. Затоа, целта на платформата е да ги препознае и поддржи иницијативите што можат да придонесат за подобар квалитет на живот, поздрава животна средина и посилни локални заедници, охрабрувајќи ги луѓето активно да се вклучат во промените што сакаат да ги видат околу себе.


Во рамките на конкурсот, dm ќе поддржи најмалку три проекти, по еден во секоја од трите области - заштита на животната средина, унапредување на меѓучовечките односи и поттикнување на развој и напредок (особено во областите на социјална еднаквост и рамноправност, интеграција и инклузија и образование). Наместо однапред определен износ, поддршката ќе биде приспособена на реалните потреби на секој избран проект - преку производи, материјали, услуги, опрема или друга форма на поддршка што ќе помогне идејата успешно да се реализира.

Право на учество имаат регистрирани здруженија, невладини организации, установи, училишта и единици на локалната самоуправа со седиште во нашата земја. Организациите можат да пријават до три различни проекти, а за секој од нив се пополнува посебна онлајн апликација. Во неа потребно е да се претстави идејата, нејзините цели, активностите, очекуваните резултати и волонтерската компонента, која е задолжителен дел од секој проект. Преку апликацијата се доставуваат и проектен план, буџет и останатата потребна документација. Повеќе информации може да најдете на следниот линк.


При изборот, во преден план нема да биде големината на организацијата, туку потенцијалот на проектот да создаде трајна и позитивна промена. Ќе се оценуваат идеите што нудат конкретни решенија за потребите на заедницата, имаат јасно дефинирани цели и можат да остават долгорочно влијание. Пријавите ќе ги оценува комисија составена од претставници на dm и надворешни експерти, согласно критериумите наведени во правилата и условите

Сите заинтересирани организации кои имаат идеја што може да придонесе за поздрава, поодржлива и посолидарна заедница можат да аплицираат до 31 јули преку платформата „Иднина која инспирира“ и да ѝ дадат можност на својата иницијатива да стане следната позитивна промена што ќе инспирира и други.