[ВИДЕО] Што му падна на микрофонот на Роби Вилијамс за време на телевизиското вклучување? Пејачот се огласи по виралното видео

Точка

20/07/2026

21:15

927

Големина на фонт

а а а

Роби Вилијамс се пошегува на сметка на своето интервју од финалето на Светското првенство во фудбал, кое стана вирално откако обожавателите се посомневаа дека од неговата ноздра испаднала бела супстанцa.

Пејачот настапи на церемонијата на затворање на Светското првенство, а подоцна, додека даваше интервју за „Magenta TV“, гледачите забележаа како нешто бело паѓа од, како што изгледаше, неговата ноздра. Тој веднаш го тргна од микрофонот.

Во објава на Инстаграм, Роби се пошегува на сметка на виралното видео и објасни дека станувало збор за ментол-бонбона што му испаднала од устата. Притоа, на шеговит начин им се извини на гледачите, велејќи дека тоа било крајно непрофесионално.

Преправајќи се дека е сериозен, во видеото им се обрати на своите обожаватели со зборовите:

„Би сакал да се извинам за предметот што вчера ми падна на микрофонот. Тоа беше крајно непрофесионално и многумина се загрижија за мене. Но, сè е во ред, бидејќи имав уште неколку“.

Потоа ја отвори устата за да покаже дека во неа сè уште има неколку ментол-бонбони.


Роби Вилијамс го отвори финалето на Светското првенство во 2026 година со настап пред почетокот на натпреварот на стадионот „МетЛајф“ во Њу Џерси, во неделата вечер.

На сцената настапи заедно со Никол Шерцингер и Лаура Паузини. Се појави облечен во сина тренерка на „Adidas“, украсена со светки, а неговата впечатлива фризура дополнително го привлече вниманието на публиката.

Подоцна се пресоблече за да го проследи натпреварот во друштво на својата сопруга, Ајда Филд.