[ФОТО] Вака би можел да изгледа теренецот на „Audi“: „G-Class“ добива сериозен конкурент

Точка

20/07/2026

16:06

567

Големина на фонт

а а а

„Audi“ размислува за развој на луксузно теренско возило кое ќе биде директен конкурент на „Mercedes G-Class“.

Неофицијалните илустрации, изработени од дизајнерот Никита Чујко за сајтот „Kolesa“, прикажуваат како дизајнерскиот јазик на „Concept C“ би можел да се примени на робустен теренец со класична шасија.

Моделот на шпекулативните рендери има масивен преден дел со тесни LED светла, голема маска на ладилникот, нагласен преден браник и заштитна плоча под моторот.


Тука се и големи тркала со теренски гуми, големо растојание од подлогата, како и резервно тркало (опционално) поставено на вратата од багажникот – елементи кои јасно укажуваат на сериозни теренски способности.

Според претходните информации, „Audi“ навистина го разгледува развојот на ваков модел, а како основа би можела да послужи платформата на брендот „Scout“, кој е дел од „Volkswagen Group“.


Тоа би овозможило целосно електрични верзии, како и модели со „range extender“ технологија, заедно со напредни системи за теренско возење, како што се блокада на диференцијалите и голем клиренс.

Во исто време, според неофицијални информации, и „BMW“ развива конкурент на „G-Class“ под интерната ознака „G74“, па германските премиум производители наскоро би можеле да понудат сериозни ривали на легендарниот теренец на „Mercedes“.


Засега „Audi“ официјално не го потврди развојот на овој модел, но јасно е дека компанијата ја истражува можноста за влез во сегментот на луксузни off-road возила.