[ВИДЕО] Силен земјотрес го погоди Мексико

Макфакс

17/07/2026

19:10

222

Големина на фонт

а а а

Силен земјотрес со јачина од 7,4 степени ја погоди јужната мексиканска област Пуерто Мадеро, предизвикувајќи предупредување за цунами и тресење почувствувано и во соседните држави Гватемала и Ел Салвадор.

Силен земјотрес со јачина од 7,4 степени по Рихтеровата скала го погоди денес Пуерто Мадеро, на југот на Мексико, по што беше издадено предупредување за цунами во регионот, објави Американскиот геолошки завод (USGS).

Земјотресот се случил на длабочина од 10 километри, соопшти USGS.

Земјотресот бил почувствуван и во соседните земји Гватемала и Ел Салвадор.

Според сведоци, зградите во Гватемала се треселе, а друг сведок за Ројтерс изјавил дека земјотресот бил почувствуван и во Ел Салвадор.

Засега нема информации за можни жртви или предизвикана материјална штета.