Манчестер Јунајтед игра паметно на пазарот во овој летен преоден рок и донесе две квалитетни засилувања на средината на теренот во имињата на Андреј Сантош и Јури Тилеманс.
Премиерлигашот одлучи да не влегува во „војни“ за некои играчи и да плаќа огромни суми на пари, но тоа не значи дека нема широко да го отвори ќесето ако има добра можност на трансфер пазарот.
Двајт Јорк беше дел од една успешна генерација на Јунајтед и токму тој има еден совет до Мајкл Карик, а тоа е да притисне за ангажман на еден од офанзивците на ПСЖ, Бредли Баркола или Дезире Дуе.
- Бредли Баркола или Дезире Дуе. Јас би го избрал еден од нив да бев Мајкл Карик. Толку е едноставно. И двајцата можат да играат на левата страна, можат да играат на десната страна, можат да играат каде што нападот ги бара.
- Ако Маркус Рашфорд не сака да остане, и којзнае каде му е главата, одете и земете ги Дуе или Баркола. Тоа се двајцата играчи што треба да ги земете. Ви требаат добри напаѓачки играчи, солидни играчи кои ќе дадат добри резултати на теренот, затоа одете и земете еден од тие играчи, -порача Јорк.







