ФА донесе брза одлука за иднината на Тухел по целосниот распад во Атланта

Дерби

16/07/2026

10:46

366

Големина на фонт

а а а

Томас Тухел презема одговорност за големиот пад кој го доживеа Англија по водечкиот гол против Аргентина, а дефанзивниот пристап и кукавичката игра на крајот им се удрија од глава со два гола во мрежата на Пикфорд.

„Гордиот албион“ доживеа болна елиминација во самата завршница и сега преостанува да се бори за утешна награда во „малото финале“ на Светското првенство, па иако Тухел се најде во средина на рафал од критики во јавноста, Германецот по се изгледа ќе ја задржи работата до следниот голем турнир, Европското првенство на кое кодомаќин ќе биде и Англија.

– Продолжуваме заедно и ќе го доработиме договорот до Европското првенство кое го играме на домашен терен. Тоа ми е во замислите, иако е доста далеку да се гледа толку нанапред во фудбалот. Мора да се напомене дека многу силни репрезентации беа елиминирани пред полуфиналето, па на ова достигнување треба да се гледа со успех, – изјави Тухел.

Англискиот селектор брзо доби и поддршка од извршниот директор на ФА, Марк Булингам.

– Срцепарателно е да се биде толку блиску, а толку далеку. Играчите и Томас дадоа се што имаа, не можеа да работат понапорно на овој турнир. Сакам да им се заблагодарам на сите, секако и на нашите фанови кои допатуваа во САД. Проектот останува ист како и претходно, заедно продолжуваме понатаму, – изјави Булингам.