Фронтменот на „Maroon 5“, Адам Левин, сподели редок семеен момент со сопругата Бехати Принслу и децата, потсетувајќи ја јавноста на скандалот од 2022 година.
Фронтменот на „Maroon 5“, Адам Левин, ги изненади своите следбеници со ретка фотографија на која е со сопругата Бехати Принслу и нивните три деца. Семејството е снимено за време на прошетка покрај плажа, додека сите се држат за раце, а лицата на најмалите ниту овојпат не се гледаат јасно.
Музичарот и поранешниот ангел на „Викторија Сикрет“ со години се обидуваат да го држат својот семеен живот подалеку од јавноста. Тие ги имаат ќерките Дасти Роуз, родена во 2016 година, Џио Грејс, која се роди две години подоцна, и син роден во јануари 2023 година, чие име сè уште не го откриле јавно.

Сепак, нивниот брачен живот беше во центарот на вниманието во 2022 година, кога моделот и инфлуенсерка Самнер Строу објави пораки за кои тврдеше дека ѝ ги испратил познатиот пејач.
Таа тврдеше дека имале афера
Потоа Самнер на TikTok изјави дека е во врска со оженет маж, без прво да го каже неговото име, а потоа покажа преписка што му ја припишува на Левин.
„Имав афера со маж кој е во брак со ангел на „Викторија Сикрет“. Бев млада, наивна и, искрено, се чувствувам искористена“, рекла таа.
Според нејзините тврдења, врската траела околу една година. Таа изјавила дека контактот бил прекинат, но дека Левин повторно ја контактирал по некое време со прашање кое целосно ја изненадило.

Прашање за името на детето
Најголемо внимание предизвика пораката во која музичарот наводно ја прашал дали може да го крсти својот иден син Самнер.
„Добро, едно сериозно прашање. Ќе имам уште едно дете и, ако е момче, навистина би сакал да го крстам Самнер. Дали е во ред? Апсолутно сум сериозен“, гласела пораката што ја објавила таа.
Бехати во тоа време била бремена со нивното трето дете. Откако Самнер излегла јавно со своите обвинувања, други жени се појавиле и објавиле пораки за кои тврделе дека Левин им ги испратил.

Адам ја негирал аферата
Пејачот набрзо излезе јавно и призна дека комуницирал со друга жена на несоодветен начин, но негирал дека имал физичка врска.
„Многу се зборува за мене во моментов и сакам да ги разјаснам работите. Покажав лоша проценка кога разговарав со некој друг освен со мојата сопруга на начин што може да се смета за флерт. Немав афера, но преминав граница во еден период од мојот живот за кој жалам“, рекол Левин.
Тој додал дека неговата сопруга и семејство му се најважни и дека доведувањето во прашање на нивната врска била неговата најголема грешка.

Останаа заедно
Иако со недели се шпекулирало за нивниот брак, Адам и Бехати не се разделија. Во јануари 2023 година, тие го добија своето трето дете и нивниот прв син, а моделот подоцна го потврди полот на детето, но не го откри неговото име.
Двојката е во брак од 2014 година, а по скандалот, неколку пати се појавуваа заедно во јавноста и повремено споделуваа моменти од нивниот семеен живот.












