Паоло Малдини и Леонардо се две значајни имиња кои треба да одиграа значајна улога во италијанскиот фудбал, федерација и им помогнат на „аѕурите“ да се вратат на победнички патеки.
Малдини ја има улогата на технички директор, улога која досега ја немаше во Италија, додека Леонардо ќе биде негов советник, десна рака.
Прва задача за нив ќе биде да го изберат новиот селектор, официјалниот наследник на Џенаро Гатузо кој си замина откако не успеа да ја однесе репрезентацијата на СП. Долго време се споменуваат имињата на Роберто Манчини и Антонио Конте, во изминатиов период се говори и за Пеп Гвардиола меѓутоа тоа реално е тешко изводливо за да сега „Газета Дело Спорт“ излезе со вест дека фаворит е Андреа Пирло.
Наводно Пирло е високо на листата на Малдини кој има огромна доверба во поранешниот соиграч. Андреа имаше импресивна кариера, ама како тренер и не се прослави и откако го водеше Јувентус работеше воо Турција во Карагумрук, Сампдорија и сега во Дубаи Јунајтед.
Платата на Пирло не би била проблем за ФИГС и останува да се види дали оваа најава може да се реализира.







