Мејсон Гринвуд своевремено важеше за голема англиска фудбалска надеж, бисер на Манчестер Јунајтед, но по одличните партии дојдоа проблеми во приватниот живот, одредени инциденти по кои ја напушти Британија.
Прво настапуваше на позајмица во Хетафе каде покажа дека не заборавил да игра фудбал, а од 2024 година го облече дресот на Олимпик Марсеј и се наметна како еден од најдобрите фудбалери во Лига 1.
Тој се поврзуваше со повеќе екипи од најдобрите лиги на стариот континент, но на крајот по се изгледа ќе игра надвор од Топ 5 фудбалски шампионати во Европа. Имено офанзивецот треба да стане нов член на турскиот великан Фенербахче кој за него ќе издвои 40+2 милиони евра.
Од оваа операција ќе заработи и Манчестер Јунајтед поради вметната клаузула и тоа над 10 милиони евра.
Мејсон ќе заработува околу 10 милиони евра по сезона и ќе има договор до 2030 година.







