Загина 56-годишен маж: паднал од терасата од куќа

Макфакс

13/07/2026

13:30

278

Големина на фонт

а а а

Вчера во Скопје загина 56-годишен маж кој паднал од терасата на куќа. Повредите биле тешки, а по наредба на јавен обвинител телото е предадено на обдукција.

Вчера околу 06:45 часот во СВР Скопје од Комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје е пријавено дека починал М.А.(56) од с.Миладиновци, скопско.

Според полицијата тој на 08.07.2026 бил донесен со тешки телесни повреди, со кои, според пријавеното,  се здобил откако паднал од првиот кат од терасата од куќа.

По насоки од јавен обвинител телото на починатиот е предадено во судска медицина за обдукција.