Tеатар за народ и замена на фотелји, Мицкоски го префарба истиот криминален систем велат од СДСМ

Макфакс

13/07/2026

09:10

174

Големина на фонт

а а а

Статијата го третира критичкиот став на СДСМ кон актуелната политика на Христијан Мицкоски, посочувајќи го како повторување на истите криминални практики преку реконструкција на Владата без суштински промени.

Мицкоски нема никаков резултат зад себе па денеска ќе прави нов политички театар. Стариот кабинет со нов распоред односно козметичка промена на фотелји во истата криминална структура. Некои министри се преместуваат, доаѓаат неколку нови имиња, но клучните ресори и клучниот центар на моќ останува во истите раце – на Христијан Мицкоски“, велат од СДСМ.

„Кога економијата стагнира, кога граѓаните живеат сè потешко, кога цените растат, кога европскиот пат е блокиран, а Владата нема одговори за ниту еден суштински проблем, Мицкоски се обидува со реконструкција да го пренасочи вниманието од сопствениот неуспех.

Со оваа реконструкција не се менуваат политиките, не се поправаат грешките и не се презема одговорност. Се менуваат само фотелјите, додека истите луѓе продолжуваат да управуваат со државата. Реконструкцијата сама по себе е признание дека Владата не испорача резултати.

Граѓаните нема да добијат повисоки плати, пониски цени, подобро здравство, подобро образование или побрз европски пат. Ќе добијат само уште поголема концентрација на моќ во рацете на Мицкоски и продолжување на истите погрешни криминални политики.

Внатрешни работи, одбрана, финансии, надворешни работи, образование – остануваат во исти раце.

Само се вртат столчиња за да се создаде впечаток дека нешто се менува.

Ниту една сериозна реформа не е направена. Ниту еден крупен проблем што ги мачи граѓаните не е решен. Само се прераспределуваат министерски фотелји меѓу истите луѓе и нивните сателити. Мицкоски само го префарба истиот криминален систем, за да може уште некое време да го одржува на власт. Македонија не може да оди напред со стара Влада во нова амбалажа“, соопшти СДСМ.