[ВИДЕО] Де Ла Фуенте повторно погоди со „џокерот“, Шпанија е во полуфиналето на СП

Дерби

10/07/2026

23:30

634

Големина на фонт

а а а

Репрезентацијата на Шпанија ја совлада Белгија со 2-1 и обезбеди место во полуфиналето на 23. Светско првенство каде ќе ги одмери силите со Франција.

Шпанците беа многу подобар ривал од „црвените ѓаволи“ на соочувањето во Лос Анџелес, ја контролираа играта, ја имаа топката во своите нозе, се закануваат кон голот на противникот, но дури во 88 минута дојдоа до голот вреден победа, гол дело на Мерино.

По шутот што го упати Кубарси, нововлезениот голман Ламенс (Куртоа се повреди) немаше добра интервенција, Мерино прв натрча на одбиената топка и стрелаше за голема радост.

Инаку Шпанија дојде до водство во 30 минута преку Руиз, дооминираше, но кога сите очекуваа втор гол на шампионите од 2010 година, Белгијците по првиот удар во 41 минута израмнија на 1-1 преку Кетеларе.