Русија ги советува граѓаните да работат од дома поради недостиг на гориво

Макфакс

10/07/2026

21:57

146

Големина на фонт

а а а

Руски власти во сибирските региони ги советуваат компаниите и граѓаните да преминат на работа од дома и да ја намалат потрошувачката на енергија поради сериозниот недостиг на гориво кој се јави по украинскиот напад врз голема рафинерија во Русија.

Властите во руските сибирски региони ги повикуваат бизнисите да се префрлат на работа од дома каде што е можно и да ја ограничат потрошувачката на енергија поради влошувањето на кризата со горивото.

Овој потег доаѓа откако недостигот на гориво ја погоди речиси целата земја, а локалните медиуми објавуваат дека мерките имаат за цел ублажување на последиците од украинскиот напад врз една од најголемите рафинерии во Русија.

Во сибирскиот регион Томск, заменик-гувернерката Олга Крилова изјави дека на службениците им се советува повнимателно да ги планираат службените патувања. „Исто така, им се препорачува повеќе да ги користат опциите за далечинска комуникација, како што е одржување состаноци преку интернет“, рече таа.

Во соседниот регион Новосибирск, заменик-гувернерот Константин Халзов потпиша указ со кој им препорачува на сите компании да им дозволат на вработените, освен на оние на основни работни места, да работат од далечина. Указот, исто така, ги охрабрува граѓаните да ги користат своите автомобили што е можно помалку.

„Препорачуваме жителите на регионот Новосибирск да ја ограничат употребата на приватни возила. Доколку патувањето е неопходно, треба да се осигурат дека имаат доволно гориво за да стигнат до нивната дестинација и назад“, се вели во документот.

На границата со Омск се наоѓа на една од најголемите руски рафинерии за нафта. Објектот претрпе значителна штета во украинскиот напад со беспилотни летала на 6 јули, што дополнително ја влоши ситуацијата со снабдувањето.

Кризата со горивото се прошири во речиси сите делови на Русија. Според локалните новинари, само еден од 89-те региони во земјата не вовел ограничувања на енергијата. Некои области прибегнуваат кон продажба на бензин според систем на парни и непарни регистарски таблички за да го ублажат прекинот. Се проценува дека, во зависност од регионот, возачите поминуваат до 12 часа чекајќи во редови за гориво.

фото/Depositphotos