Одлуки за дата-центри зад затворени врати не смее да има, велат од ДОМ

Макфакс

24/08/2026

21:53

150

Големина на фонт

а а а

Партијата ДОМ бара да се избегнува нетранспарентност во процесите за одлуки околу дата-центри, нагласувајќи дека ваквите одлуки мора да се носат јавено и со вклученост на експерти и граѓани.

ДОМ бара да се стопира нетранспарентната постапка за дата-центарот во пресрет на утрешното гласање на советот во Пехчево.

„Недозволиво е за проект со потенцијално сериозно влијание врз водата, енергијата, природата и локалната заедница да се одлучува зад затворени врати, без доволно информации, јасни анализи и вклученост на експертите граѓаните.

Како што истакнавме во неколку наврати, дигиталниот развој не смее да биде изговор за нетранспарентност и игнорирање на јавниот интерес“.

Одлуките за вакви проекти, додаваат од партијата, мора да се носат транспарентно, одговорно и заедно со граѓаните, а никако зад затворени врати.