[ВИДЕО] Девојка од Полска покажала што јадат Американците: „Баба ми би добила инфаркт кога би ја видела сета оваа хемија, кој го смислил ова?“

Точка

10/07/2026

16:50

635

Големина на фонт

а а а

Сара, која живее во Америка, на социјалните мрежи ги покажа најнеобичните американски јадења што изненадија многумина.

Секоја земја има свои обичаи, вкусови и секојдневни навики што за нејзините жители се сосема природни, но за посетителите често претставуваат големо изненадување. Сара, која живее во Мајами, Флорида, на социјалните мрежи ги прикажува разликите помеѓу животот во Америка и Полска.

Нејзиниот профил на „ТикТок“ го следат речиси 155.000 луѓе. Овој пат таа одлучи да се осврне на кујната и ги покажа производите што се популарни во САД, а од кои на многумина би им се завртело во главата.


„Немам ниту зборови“

„Што е ова? Искрено, ни јас не знам. Ова е чиста хемија“, рече таа, покажувајќи фотографија од производот.

Како што објасни момент подоцна, станува збор за црвени виршли.

„На месото му додаваат црвена боја за да изгледа токму вака. Ако го изедам ова, ќе светам во темница“, се пошегува таа.

Ништо помалку реакции не предизвикаа ниту шарените кисели краставички.


„Дали е ова радиоактивно? Всушност, мислам дека е. Овде имаме кисели краставички. Луѓето им додаваат прашок о боја со овошен вкус и така ги киселат“, откри Сара.

Следното кулинарско изненадување беше сладолед чиј вкус се покажа како сосема поинаков од она што го сугерира неговиот изглед.

„Некој вкусен сладолед? Можеби има вкус на портокал? За жал, нема вкус на портокал. Има вкус на макарони со сирење. Кој го смислил ова?“, прашала Сара со неверување.

На крајот покажа јадење што целосно ја оставило без зборови. Станува збор за бургер со додаток – пржен сладолед.

„Баба ми би добила инфаркт кога би ја видела сета оваа хемија. Ова е бургер, а внатре има пржен сладолед. Навистина повеќе немам зборови“, заклучи таа.