Луис Енрике доби голема чест во родниот Хихон, па со солзи во очите откри две изреки кои го одбележале неговото патување

Дерби

09/07/2026

14:07

211

Големина на фонт

а а а

Луис Енрике се прослави како еден од најдобрите тренери во светот во изминатите две-три години, а после сето она што го остави на личен и професионален план, шпанскиот стручњак доби голема чест во својот роден град.

Градот Хихон реши да именува плажа на астурискиот брег по името на славниот фудаблски стручњак, кој на промовирањето на плажата, не пропушти да оддаде признание на луѓето кои го направиле човекот кој е денеска.

Зелената плажа во Хихон отсега ќе се вика Луис Енрике, а присутни на настанот беа неговите родители, челници на Спортинг Хихон, како и Градскиот совет на оваа шпанска покраина.

– Кога ја гледам оваа плакета на плажата, не се гледам себеси како Луис Енрике, ги гледам своите родители. Не се познати, но тоа се личности кои со својата скромност и со напорна работа ми го покажаа патот.

– Татко ми секогаш ми велеше две работи и се уште ги вели: Од мрзливите никогаш не се напишало ништо и обиди се да бидеш добар човек. Се обидов да не бидам мрзлив и да бидам добар човек, се надевам дека успеав, – гласи дел од емотивниот говор на Лучо.