Јувентус има проблеми да го обезбеди посакуваното засилување во нападот

Дерби

08/07/2026

11:51

143

Големина на фонт

а а а

Италијанскиот прволигаш Јувентус е мирен во досегашниот тек на трансфер пазарот иако досега се поврзуваше со доста играчи.

Една од позициите која „старата дама“ сака да ја засили ова лето е нападот, да донесе гол играч, а прв избор одново е Рандал Коло Муани.

Французинот одигра една полусезона за „бјанконерите“ како позајмен играч и оттогаш секое лето, зима се говори за можно враќање во Торино. Од таборот на калчолигашот признаваа дека работат на оваа операција, но и во исто време не кријат дека имаат проблеми да се договорот со Пари Сен Жермен.

- За Коло Муани, барањата не се намалени и не го зголемивме предлогот, но работиме напорно на тоа. Не би се фокусирал само на него. Ако има голема разлика, мора да направиме правилни проценки. Се обидуваме да го направиме најдоброто, порача извршниот директор Џовани Карневали.

Карневали посочи дека немал состанок со Душан Влаховиќ, а даде одговор и за Александер Серлот и голманот Емилијано Мартинез.

- Не се сретнавме со него (Влаховиќ). Вратите се отворени не само за Серлот, туку и за другите играчи. Ќе мора да почекаме. Мартинез нè интересира, но тој е интересен профил и за многу други тимови. Ќе има многу можности. Има играчи кои веќе се високо оценети и такви на кои треба внимателно да се внимава, - порача Џовани.