Леброн Џејмс во декември ќе го прослави 42 роденден, но и покрај тоа не планира да оди во пензија со тоа што повеќе нема да го гледаме во дресот на Лос Анџелес Лејкерс.
Тоа поглавје во неговиот живот и кариера е завршено и сега постои дилема каде ветеранот ќе продолжи. Во прв момент доста се говореше за потенцијалниот мега проект, тим со доста ѕвезда во кој Леброн и Ентони Дејвис би им се приклучиле на Стеф Кари и Дрејмонд Грин во Голден Стејт Вориорс, но ништо од таа приказна.
Според секогаш добро информираниот НБА инсајдер, Шамс Чаранија три клуба се опција за Џејмс и трите се дел од источната конференција.
- Кога го гледам Рич Пол како излегува на својот подкаст и дава список од 10 тима, 100% верувам дека сите 10 од тие тимови имаат постојана понуда за Леброн Џејмс. Но мислам дека треба да се намали тоа. И кога разговарам со тимови од лигата и го правам моето истражување, тимовите што продолжуваат да се појавуваат се Кливленд, Мајами и Филаделфија – откако го добија Џејлен Браун.
- Филаделфија претходно не беше во игра. Кога Сиксерси го добија Џејлен Браун, направив мало истражување и во рок од 24 часа открив дека тој го сфаќа нивниот предлог навистина сериозно. И затоа, кога разговарам со тимовите сега, го гледам тоа како еден вид хиерархија на Кливленд, Мајами и Филаделфија, - истакна Шамс.







