ДУИ: Северна Македонија на Самитот на НАТО со делегација без Албанци

Макфакс

07/07/2026

13:10

200

Големина на фонт

а а а

ДУИ реагира на составот на македонската делегација на Самитот на НАТО во Турција, истакнувајќи дека во неа нема ниту еден претставник Албанец, и смета дека тоа испраќа погрешна порака за мултиетничката структура на државата.

ДУИ реагира на составот на македонската делегација на Самитот на НАТО во Турција, наведувајќи дека во неа нема ниту еден претставник Албанец.

Од партијата оценуваат дека ваквиот состав на делегацијата е „одраз на политички менталитет кој ја гледа државата како сопственост на една етничка заедница, а Албанците само како внатрешен декор“.

„Северна Македонија е мултиетничка држава и членка на НАТО благодарение на политичката архитектура изградена врз еднаквост, соодветна застапеност и Охридскиот рамковен договор. Државните делегации треба да ја одразуваат реалноста на државата, а не да ја избришат“, се наведува во соопштението.

Според ДУИ, исклучувањето на Албанците од највисокото меѓународно претставување испраќа погрешна порака до граѓаните и сојузниците.