Барселона е мирна кога е во прашање трансфер пазарот што е сосема спротивно од големиот ривал Реал Мадрид кој веќе официјализираше неколку трансфери, а се најауваат и уште некои нови имиња.
Шпанскиот првак само го доведе Ентони Гордон што во моментов изгледа прескромно особено ако се остане само на неговиот потпис. Со Барса се поврзуваат повеќе играчи, меѓутоа засега се оди тешко особено кога е во прашање Хулијан Алварез, играч кој би бил соодветна замена за Роберт Левандовски.
Аргентинецот јавно посочи дека сака нов предизвик притоа не споменувајќи клуб во кој сака да продолжи, но ако се се собере јасно алудираше на Барса како негов сон.
Атлетико Мадрид засега не противи и воопшто не сака да даде зелено светло и останува незвесно дали ќе може да се реализира ваков трансфер кој би чинел 100+ милиони евра.
Често медиумите се обидуваат од играчите на Барселона, па и од Атлетико да добијат став за оваа тема и токму Гави имаше краток, но јасен одговор.
- Се надевам. Тој ќе одлучи што сака да прави со својата иднина, но секако би сакал да биде со нас. Освен тоа, тоа е негов сон, - порача Гави кој со Шпанија се подготвува за осминафинална борба со Португалија на СП.







