УЕФА ја нападна ФИФА: Фудбалот се темели на правила, ја преминавте црвената линија!

Дерби

06/07/2026

14:02

576

Големина на фонт

а а а

Светската фудбалска федерација (ФИФА) или поточно нејзинита тела се одлучија да повлечат одлука која предизвика „земјотрес“ во светот на фудбалот, одлука за случајот Фоларин Балогун кој наместо поради црвен картон да го пропушти осминафиналето, тој ќе биде во комбинација за настап на Американците во соочувањето со Белгија.

Балогун поцрвене на мечот со БиХ и сосема очекувано требаше да одработи суспензија, но ФИФА се вклучи во случајот и одлучо да му го поништи картонот или поточно веднаш да не ја скроведе казната за напаѓачот што значи дека водечкиот стрелец на ко-домаќините ќе биде достапен за игра против „црвените ѓаволи“.

Огромни реакции, коментари донесе ова, а со свој став се огласи и Европската фудбалска федерација (УЕФА) за која ова е преминување на црвената линија.

- Вчерашната одлука на Светската фудбалска федерација привремено да ја суспендира примената на автоматската суспензија од еден натпревар по добиен црвен картон за фудбалерот Фоларин Балогун претставува преминување на црвената линија.

- Фудбалот, како и секој друг спорт, се темели на правила што обезбедуваат фер, чесно и транспарентно натпреварување. Понекогаш правилата оставаат простор за толкување, но во овој случај тоа не е така. Автоматската суспензија од најмалку еден натпревар по добиен црвен картон не е прашање на дискрециона одлука, ниту пак бара дополнително одлучување од надлежен орган за да стапи во сила. Станува збор за принцип вграден во правилникот, кој не смее да биде предмет на исклучоци, особено не во текот на турнир на кој повеќе други фудбалери се нашле во идентична ситуација и редовно ја одслужиле својата казна.

- Кога чуварите на правилата повеќе не ја гарантираат нивната доследна примена, тогаш се доведуваат во прашање интегритетот на играта и кредибилитетот на натпреварувањето. Воедно, ваквата одлука создава преседан и за остатокот од турнирот, бидејќи секој идентичен случај понатаму ќе мора да биде третиран на ист начин, што може сериозно да му наштети на натпреварувањето.

- Фудбалот е најпопуларниот спорт во светот затоа што е прекрасна игра, а довербата во него постои бидејќи насекаде се игра според истите правила. Ниту еден турнир не е изолиран случај. Поради тоа, изразуваме неверување од оваа одлука, која е без преседан, неразбирлива и целосно неоправдана“, стои во реакцијата на УЕФА.