Оштетени врати и запалени учебници во двор на основно училиште во Ѓорче Петров

Макфакс

04/07/2026

15:30

185

Големина на фонт

а а а

Во основно училиште во Ѓорче Петров беа оштетени влезните врати на спортската сала и одземени два противпожарни апарати, кои потоа биле користени за запалување учебници во дворот на училиштето. МВР презема мерки за расчистување на случајот.

Непознати сторители вчеравечер ги оштетиле влезни врати на спортската сала во основно училиште на подрачјето на Ѓорче Петров и одземале два противпожарни апарати, кои потоа биле употребени во дворот на училиштето каде биле запалени учебници.

Според информациите од МВР, вчера во 13:35 часот во СВР Скопје од училиштето било пријавено дека во временски период од 04:00 до 05:00 часот на 03.07.2026 со употреба на физичка сила биле оштетени влезните врати од спортската сала, од каде биле извадени два противпожарни апарати, кои биле употребени во дворот на училиштето, каде биле запалени учебници, исто така одземени од училиштето.

Од СВР Скопје информираат дека увид на местото извршила увидна екипа, а надлежните служби преземаат мерки и активности за целосно расчистување на случајот и пронаоѓање на сторителите.