Николоски: Над 4 милиони евра инфраструктурни инвестиции во Неготино

Макфакс

02/07/2026

14:50

207

Големина на фонт

а а а

Во Неготино се реализираат инфраструктурни проекти вредни над 4 милиони евра, со поддршка на Владата, кои вклучуваат изградба и реконструкција на улици, плоштади, паркови и други комунални објекти, што значително ја менува сликата на општината.

Инвестициите во Неготино само во делот на улици и плоштади, комунални проекти, паркови, изнесуваат над 4 милиони евра, што креираат нови слика за Неготино. Поддршката на Владата за Неготино и за другите општини е огромна и континуирна, порача денеска од Неготино, заменик претседателот на Владата, Александар Николоски.

Тој заедно со премиерот Христијан Мицкоски и градоначалничката Марија Нацева, извршија увид во изградба на инфраструктурни проекти во Неготино што се реализираат со поддршка на Владата.

Притоа се изврши увид во реконструкција на ул. „29-ти Ноември“, проект кој се реалиизра преку Министерството за транспорт, во вредност од 28.7 милиони денари. Исто така извршија увид и во изградбата на кружен тек, инвестиција од 9, 8 милони денари.

“Во моментов, само преку програми кои што се од Владата, преку Министерството за транспорт, се инвестираат некаде околу 246 милиони денари или над 4 милиони евра во изградба на улици, водоводни и канализациони системи, понатaму паркови, кружен тек, плоштад. Така што, бројни се проектите коишто се работат или ќе се работат во Неготино. И ќе продолжиме во следниот период да ја поддржуваме општината, да ја поддржуваме градоначалничката, а со новите можности кои што се отвораат, исто така, ќе разговараме и за нови проекти. Навистина е задоволство да се биде денес во Неготино, да се види колку многу проекти или се завршуваат, или се работат, или ќе почнат да се работат. Мило ми е што со една нова енергија, која што градоначалничката ја внесе, се забрзуваат голем број проекти со поддршката со Советот, со поддршката, исто така, од пратеникот, со поддршката од Владата и лично од премиерот Мицкоски. Овде имаме навистина една комплетно нова слика за општина Неготино. Мислам дека тоа многу значи и за локалното население и за локалното стопанство”-изјави Николоски.