Челси ќе инкасира огромна сума на пари за уште една ѕвезда: Бараме начин како да си заминеме од Лондон

Дерби

02/07/2026

14:34

287

Големина на фонт

а а а

Енцо Фернандез беше еден од двата главни бунтовници во Челси на финишот на минатата сезона, а откако Марк Кукурелја си замина и договори трансфер во Реал Мадрид, постојат добри шанси неговиот пример да го следи и аргентинскиот репрезентативец.

Фернандез самиот му се понуди на Реал и најави дека негов животен сон е да живее во Мадрид, па иако се уште нема остварено никакви официјални контакти меѓу двете страни, постои голема шанса тоа да се случи по крајот на мундијалот.

Енцо во овој момент е фокусиран на случувањата на Светското првенство и со мислите е како да и помогне на Аргентина да ја одбрани титулата, но од друга страна, за светските медимуми интересен е неговиот агент, Хавиер Пасторе.

Во интервју за „Марка“, Пасторе призна дека се прават максимални напори да донесе понуда која ќе го задоволи Челси, клуб кој очигледно ќе инкасира огромна сума на пари за уште една своја ѕвезда која не се гледа во проектот на Чаби Алонсо.

– Енцо во овој момент мисли само на репрезентацијата, игра на мундијалот и го имаат осминафиналето на дофат заедно со соиграчите од Аргентина. Тој е целосно фокусиран на тоа, а јас како претставник правам се за да најдеме излез од Челси. Бараме начини да си заминеме од Лондон, но немаме потпишано и договорено ништо со ниту еден клуб, – изјави Пасторе.