Во Штип е поднесена кривична пријава против маж кој упатувал закани кон својата вонбрачна партнерка и предизвикал пожар во нејзината куќа.
СВР Штип поднесе кривична пријава против Д.Д.(40) од Штип.
Тој се сомничи за сторени кривични дела „загрозување на сигурноста“ и „предизвикување општа опасност“.
Имено, на 30.05.2026 преку социјална мрежа, пријавениот упатувал закани на неговата вонбрачна партнерка, а потоа во дворот од нејзината куќа со запалива течност предизвикал пожар.







