Ирак сака да се приклучи кон сојузот што го предводат Русија и Кина

Макфакс

30/06/2026

14:30

232

Големина на фонт

а а а

Ирак изразува желба да стане дел од влијателниот сојуз БРИКС, кој го предводат Русија и Кина, а членството зависи од одлуките и условите на организацијата.

Ирак се надева дека во иднина ќе стане дел од БРИКС, изјави ирачкиот амбасадор во Москва, Абдул-Карим Хашим Мустафа, за руската агенција ТАСС.

Тој посочи дека евентуалното членство зависи од условите и од одлуката на самата организација, но оцени дека приклучувањето кон БРИКС би било добра идеја.

БРИКС е основан во 2006 година од Бразил, Русија, Индија и Кина, а во 2011 година се приклучи и Јужноафриканска Република. Во 2024 година полноправни членки станаа Египет, Обединети Арапски Емирати и Етиопија, а на почетокот на 2025 година им се приклучи и Индонезија.